Заврши истрагата за Палевски, судењето се очекува да започне кон крајот на август

Date:

Заврши истрагата против првоомничениот Љупчо Палевски Палчо за двојното убиство на 14 годишната Вања и велешанецот Жежовски, што ја згрози не само македонската јавност, туку и регионот, објави Алфа.

Согласно постапката, во наредните 15 дена, бранителот на Палевски, Марјан Витановски, ќе може да предлага нови докази, а потоа Обвинителството треба да поднесе обвинение до Кривичниот суд.

Одбраната на првоосомничениот во наредните две недели ќе направи увид во доказите, но нема да предлага нови докази се до стартот на судењето, вели Витановски.

Сепак, судскиот процес против Палевски Палчо најверојатно ќе стартува крајот на август или почетокот на септември бидејќи Кривичниот суд ќе треба да го оцени пред да одреди термин за рочиште. Засега е неизвесно дали и како ќе се спојат постапките против првоовомничениуот и останатите за кои веќе е закажан почетокот на судскиот процес за 30 јули, бидејќи роковите не го дозволуваат тоа.

-Откако ќе поминат наредните 15 дена, по поднсување на обвинението Кривичниот суд има рок од 15 дена да го оцени, па потоа да го закаже стартот. Додека почне судењето, постапката против останатите обвинети може да дојде и до доказна постапка, навистина не знам доколку планираат какои ќе го иозведат спојувањето. Според роковите, судењето за Палевски нема да почне до крајот на август, вели Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски.

Истрагата против Палевски започна во мај откако беше екстрадиран од Турција.

Останатите, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се товарат дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Тие кога беа приведени го посочија Палевски како главниот организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и ја однесоа полицијата до телата на жртвите.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Судската постапка треба да одговори зошто 14 годишната Вања е ликвидирана веднаш по грабнувањето, ако киднаперите сакале откуп.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПОЧЕТОК НА БИТКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МАЛА АЗИЈА (48)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Северина и нејзиниот син се дружеа со Новак Ѓоковиќ, таа се пофали со фотографијата

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на...

Српска актерка тврди дека Бред Пит и’ се додворувал: „Не одговорив на пораката“

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака,...

Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj...