Околу 7 милијарди евра е вкупниот износ на долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули годинава, покажуваат податоците на Народната банка.

Според НБ, во јули е забележан годишен раст на кредитите од  5,8% и тоа главно  на големиот раст на кредитите кај секторот „домаќинства“.

Податоците покражуваат дека фирмите биле задолжени со речиси 3,4 милијарди евра на крајот од јули што е за 5% повеќе од истиот месец лани кога должеле околку 3,2 милијарди евра. Домаќинствата, пак, во јули годинава имале кредити во висина од 3,6 милијарди евра, или 6,4% повеќе отколку во јули 2022 година кога должеле 3,4 милијарди евра.

Домаќинствата се задолжувале преку потрошувачките кредити, кај кои растот на годишно ниво изнесува 6,2%, станбените кредити кај кои растот е од 11%, и автомобилските кредити каде што има раст од  14,8 %.

Интересно е што кредитите одобрени на кредитни картички се намалиле за 1,6 % на годишно ниво, а намалување има и кај негативни салда на тековни сметки одосно „дозволен минус“ од 2,8%.

Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,1 процент и се објаснува со зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.