Живот на кредит – Граѓаните им должат 3,9 милијарди евра на банките

Date:

Според најновите податоци на Народната банка, задолженоста на граѓаните кај банките достигна 245,2 милиони денари (3,9 милијарди евра). Овој долг е дел од вкупно 9,2 милијарди евра кредити што банките ги имаат одобрено на граѓаните и компаниите.

Долгот на граѓаните по основ на потрошувачки кредити во октомври достигна 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), што претставува годишен раст од 7,2%. Станбените кредити исто така бележат значителен раст од 11,3%, со вкупен долг од 91,2 милиони денари. Најголем годишен раст од 13,6% е забележан кај автомобилските кредити, иако нивниот вкупен износ останува мал во споредба со останатите категории.

Кредитите одобрени преку кредитни картички и негативни салда покажале минимален месечен раст, додека на годишно ниво забележуваат намалување од 8,5% и 0,8%, соодветно. Кредитите одобрени по други основи, и покрај месечниот раст од 0,4%, бележат годишен пад од 16,1%.

И покрај растечката задолженост, граѓаните продолжуваат да штедат. Во октомври депозитите на граѓаните се зголемиле за 11% и сега изнесуваат 6 милијарди евра. Заедно со депозитите на компаниите, вкупната сума достигнува над 9,2 милијарди евра.

Овие податоци покажуваат континуиран тренд на раст и кај задолженоста и кај штедењето, што ја отсликува динамиката на финансиските навики на граѓаните и компаниите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Историска средба во Абу Даби – почнаа разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон

Руски, украински и американски преговарачи денеска се собраа во...

Изгласан законот за прекршоци – отворен патот за старт на системот „Безбеден град“

Со поддршка на пратениците на Левица но и пратеникот...

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (21)

41. ​​“GJORGI-GEORGE ATANASOSKI (II EDITION)” The Monograph for “Gjorgi-George Atanasoski...

ФИЛИПЧЕ ПРЕФРЛИЛ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020 ГОДИНА ЗА ДА ГО КАНДИСА ЖАН МИТРЕВ ДА МУ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА ЕВТИНО

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира...