ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ
Co изградбата на многубројни градови во Источен Иран, пространство освоено со многу тешкотии, беше обезбедено од воено становиште, а служеше во прв ред и за комуникација во функција на индискиот поход, иако главната цел од изградбата на градови служеше за исполнување на идните планови.
Меѓу најголемите квалитети на Александар како генерал е упорноста со која, кога нешто го сметаше за важно, секогаш го доведуваше докрај. Тој остана седум месеци пред Тир додека не го освои.
Поради тоа, не треба да се споредува Пирус со него како што направија древните и современите научници, кој по два месеца ја напушти опсадата на Лилибаум, иако тоа значеше пропаст на неговата цела сикилјска експедиција.
Александар Македонски самиот се покажа и како голем водач на луѓето, со учество во сите опасности и напорни акции на своите единици. На тој начин ги водеше со себе. Во битката им служеше како пример со највисока лична храброст. Во нападите немаше маки што тој не ги сподели. Ако во опсадите требаше да се изгради насип или нешто слично, тој самиот лично учествуваше, фалејќи ги оние што успеваа, а ги казнуваше оние што не успеваа.
Кога ќе се постигнеше важен успех, тој сакаше да ги награди своите единици, со тоа што одржуваше игри и спортски фестивали. Неговите големи парични награди на војската беа компензација за забраната за пљачкање на освоените територии, за кои поради политички причини сметаше дека не е потребно да се ограбуваат.
За тоа беше потребна голема дисциплина. Co хуманоста со која тој се грижеше за ранетите по битките, им ги освои срцата на војниците. Co своите македонски офицери докрај го зачува другарскиот однос.
Иако не привлекуваше внимание со ставата, бидејќи тешко достигна до средна висина, беше најдоминантен со своите извонредно светли очи. Извонредната природа на неговата личност најчесто е претставена во фактот што луѓето блиски до него, кои по неговата смрт во многу случаи се покажаа како силни владетели, слепо се покоруваа за време на неговиот живот.
Неарх на почетокот на едно патување по океанот рече дека војската верува во извонредната среќа на Александар и сметаше дека тој нема нешто што не смее или што не може да направи. Тоа беше мистично верување на војската во својот водач. Такво верување подоцна можеа да побудат и Цезар и Нанолеон.
Уште потешко е да се разбере или пак да се цени Александар како државник отколку како генерал, бидејќи неговите погледи како државник беа во фаза на формирање пред неговата смрт. Ниедно од неговите политички дела не доби дефинитивна форма, а постојано произлегуваа нови планови од неговиот немирен дух. Невозможно е да се разбере колку поинаков ќе изгледаше светот, ако живееше подолго само десет или дваесет години.
Колку тешко може да се цени младешкото дело што тој го направи до 323 година. He смее да се заборави дека тоа беше само почеток. Во никој случај не беше изречен последниот збор.
Гледано однадвор, неговата еволуција покажува непрекинат континуитет од крал на Македонија и хегемон на Коринтската лига до Голем крал на Персиската империја и на крајот до светски владетел, а тоа беше основно за што беше почитуван во античко време, па и денес.
Но, од гледна точка на законот, некој може да го истражува неговиот однос кон овие различни целини на власт, а некој може да најде продолжување и поддржување на овие различни позиции наместо успех. Овде, главно, историчарите не можат да го решат законскиот аспект. Вистинскиот историски проблем за него е да се цени како практиката на политичкиот живот се потпира врз овие форми.
Прво треба да се оценат правните форми. Co акламација на војската Александар стана законски крал на Македонија и веднаш потоа со резолуција на Федералниот совет, хегемон на Коринтската лига, која Филип ја создаде како слободна и суверена лига на државите со обединување преку неговата личност со кралството на Античка Македонија.
Оваа дупла позиција одговараше на двојството на неговите воени цели за преминување на Хелеспонт.
Како хегемон тој имаше желба да го води панелинистичкиот поход за одмазда, а како крал на Античка Македонија сакаше да освои територии. Меѓутоа, не го присоедини кон Античка Македонија она што го освои, како што Филип Македонски направи со своите освојувања.
Co непосредно организирање на намесништва во најраните освоени простори на почвата на Мала Азија, тој го изрази фактот дека овие територии требаше да останат надвор од Античка Македонија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН