Жерар Пике повторно ја исмејува Шакира, на работа дојде со „твинго“

Date:

Се чини дека Жерар Пике последен се смее во кавгата со Шакира користејќи стихови од нејзината песна против него.

Пике (35) и Шакира (45) објавија дека се разделуваат минатиот јуни. Тие беа заедно 11 години, имаат и две деца, но тоа не ги спречи да се впуштат во војна на зборови – делумно поради новата девојка на Пике, Клара Чиа.

Најнова вест е дека Жерар ѝ возврати на Шакира, која во новата одмаздничка песна прави зајадлива компарација меѓу неа и неговата сегашна девојка.

„Бебе, ти посакувам сè најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но си замени ‘ферари’ за ‘твинго’, ‘ролекс’ за ‘касио’…“, е дел од текстот на нејзината песна.

Жерар веднаш реагира и низ смеа објави дека тој и неговите пријатели добиле бесплатни часовници од „Касио“.

А сега фудбалерот повторно направи шега на сметка на колумбиската пејачка и нејзината нова песна.

На социјалните мрежи се шири видео во кое фудбалерот доаѓа на работа со „твинго“, марка на автомобилот што Шакира го користи во песната како метафора за неговата нова девојка.

Британски „Сан“ дознава дека Пике за новото „твинго“ платил 8.000 фунти (околу 9.000 евра).

Поранешниот пар се раздели во јуни минатата година. Набргу потоа Пике беше фотографиран со Клара Чиа, вработена во неговата продукциска куќа. Иако одбиваше да дава изјави за новата романса, Жерар и Клара беа видени заедно неколкупати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...