Женската репрезентација на Австралија загуби во полуфиналето на Били Џин Купот

Date:

Женската тениска репрезентација на Словачка денеска се пласираше во полуфиналето на Купот Били Џин Кинг, откако на завршниот турнир во Малага ја совлада Австралија со 2:0.

Првиот бод на селекцијата на Словачка и го донесе 241-та светска тенисерка Викторија Хрунчакова (родена Кужмова), која ја победи 115-та тенисерка во светот Кимберли Бирел со 7:5, 6:7 (4), 6:3.

Словачка победи затоа што во вториот меч 43-та на ВТА-листата Ребека Шрамкова беше подобра од 85-та во светот Ајла Томљановиќ со 6:1, 6:2.

Во полуфиналето Словачка го чека победникот од мечот во кој се среќаваат Канада и Велика Британија. Канада ја брани титулата што ја освои минатата година во Купот Били Џин Кинг (поранешен ФЕД куп).

Претходно пласман во полуфиналето обезбедија селекциите на Полска и Италија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...