Жените се многу поуспешни кога имаат пријателки што ги поддржуваат, покажува истражување.

Според истражувањето објавено во „Харвард бизнис ривју“, жените што имаат круг на пријателки почесто стигнуваат до високи работни позиции со повисока плата.

Жените со 1-3 пријателки почесто се на лидерски позиции во споредба со жените што немаат пријателки. Дел од причините зошто жените со пријателки се поуспешни е тоа што тие може да побараат совет од нивните пријателки кога им е потребен. Жените се соочуваат со различни предизвици од мажите и советите од жени со слични искуства може да им помогнат во тешки ситуации.

Меѓутоа, значењето на пријателките не се одразува само на работното место. Истражување од 2006 година покажало дека жените што имаат над 10 пријатели имаат поголеми шанси за преживување болести отколку оние без блиски пријатели. Според истражувањето, изолираните жени имаат поголеми шанси за смрт од рак.