Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Date:

Познатиот македонски кардиохирург Жан Митрев е обвинет за измама, поради употреба на инвазивна метода за прочистување на крвта.

Вчера Јавното обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против Митрев и неговата приватна клиника. Митрев може да биде осуден на затворска казна од една до 10 години за кривичното дело „измама“ за кое се товари.

Семејствата на осумте починати, меѓу кои и семејства од Приштина, поднеле кривична пријава против приватната кардиохируршка болница „Жан Митрев“, Кон обвинението се приклучиле 283 пациенти кои се чувствуваат повредени во овој случај.

Обвинителството го поднесе обвинението по истрагата иницирана со истражна сторија на ИРЛ за неетичка употреба на методот на хемофилтрација, кој е инвазивен метод за прочистување на крвта во лекувањето на пациенти со коронавирус.

Според ОЈО, обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid – 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

-Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Covid – 19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Covid – 19, стои во деталите соопштени од ОЈО.

Истрагата покажа дека методот на хемофилтрација се применувал без дозвола на Државната агенција за лекови и медицински средства во периодот од април 2020 до 2022 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...