Жабур и Вондрушова ќе се борат за трофејот на Вимблдон

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Тунижанката Онс Жабур ќе игра во второ финале по ред на Вимблдон во женска конкуренција, откако со пресврт ја победи Алена Сабаленка со 6-7, 6-4, 6-3 во второто полуфинале и закажа битка за пехарот со Маркета Вондрушова која во првото полуфинале славеше во два сета со 6-3, 6-3 против Елена Свитолина.

Жабур стана првата тенисерка по цела деценија која на патот до финалето помина три ривалки од топ десет, а последна на која тоа и успеа беше Серена Вилијамс во 2012 година, а патем стана прва по деценија ипол и Марија Шарапова која успеала да дојде над 28 победи на најпрестижниот гренслем турнир.

За пресвртот се погрижи со многу подобра игра откако во тајбрејкот загуби и се најде во негатива, па на двата историски факти прододаде уште еден, како прва тенисерка која успеала да се врати по негатива од прв сет против ривалки од топ пет во четвртфинале и полуфинале, само втора на која вакво нешто и успеало после Жастин Анен во 2006 година.

Сабаленка откако го освои првиот сет, во вториот во петиот гем направи брејк и сѐ наликуваше на нејзина победа, ама Жабур во осмиот од првата брејк шанса возврати, па во десетиот дојде до нов брејк за да израмни во мечот.

Во последниот сет, Тунижанката во шестиот гем ја искористи третата брејк шанса за да ја скрши Сабаленка, а потоа не искористи две меч топки за нов брејк во осмиот гем, па уште две на свој сервис пред да го освои деветиот гем и да победи.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...