Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се играше во Мадрид каде што на крајот домаќинот Атлетико славеше над Манчестер јунајтед со 2-0.
Избраниците на Диего Симеоне беа подобар противник од самиот почеток и на крајот заслужено ги освоија бодовите против англискиот гигант. Резултатот беше отворен многу брзо, Бариос стрелаше уште во првата минута за предност на „јорганџиите“. Во продолжение и Јунајтед знаеше да се закани, но реализација немаше. Мрежата на Ламенс се тресеше и во завршницата од првиот дел кога мрежата ја погоди Кардосо, сепак тој погодок беше поништен поради игра со рака.
Сликата на теренот не се промени многу и во второто полувреме, кога домашниот состав продолжи да биде подобриот тим на теренот. Работите за тимот на Керик станаа потешки кога Лени Јоро во 74-та минута заработи директен црвен картон. Само пет минути подоцна Атлетико ја искористи бројчаната предност и со голот на Лукман го потврди триумфот. За Атлетико ова беше прво славје сезонава во Лигата на шампионите откако претходно беа поразени од Ливерпул во првото, Јунајтед пак почна со победа кај дебитантот Сабах.
Интересно се очекуваше да биде во Истангул каде што на Галатасарај ѝ гостуваше Барселона која сепак докажа дека во овој момент се тимот со најдобра форма и славеше убедлива победа од 4-1.
Галатасарај добро тргна, Батраков им донесе предност на домаќините по 28 минути игра, само шест минути подоцна Јилмаз вторпат ја погоди мрежат на каталонскиот ол, но реагираше ВАР и погодокот беше поништен поради недозволена позиција.
За Барселона да не замине со негатива на паузата се погрижи Кансело кој го израмни резултатот во 43-тата минута. Натпреварот беше решен во почетните минути од вториот дел кога Барселона во период од само три минути во 50-тата и 53-тата постигна два гола преку Фермин и Гордон. Асистент за двата гола беше Јамал. Точка на натпреварот во 65-тата минута стави летното засилување Карим Адејеми. Барселона со овој триумф дојде до десет победи во исто толку натпревари од почетокот на сезоната.
Многу интересно беше во Норвешка каде што гостуваше Баерн Минхен и беше голем фаворит против Викинг, но на крајот германскиот гигант не победи и дуелот заврши без победник 3-3.
Домашниот состав одигра фантастично прво полувреме, а проблемите за фаворитот почнаа во втората минута кога Стенсес го отвори резултатот по само две минтуи игра. По неколку пропуштени прилики за Баерн стигна казната во 38-та минута, Кристенсен постигна гол и му донесе на Викинг веќе 2-0, предност со која заминаа и на одмор.
Баерн силно притисна во вториот дел и таквата игра брзо им се исплатеше. Хари Кејн беше двоен стрелец во 54-тата минута од пенал и шест минути подоцна за израмнување. Се играше 71-та минута кога Луис Дијаз погоди за целосен пресврт.
Но, само две минути подоцна Мајкл Олисе заработи исклучување. Французинот направи прекршок поради кој доби жолт картон по кој продолжи да протестира, па судијата му го покажа патот во собелкувалната. Викинг до голем бод стигна со погодкот на Хауге во 90-тата минута. За нив ова е прв историски освоен бод во дебитантскиот настап во европската елита.
Изненадување приреди и Клуб Бриж во Милано славејќи победа од 4-3 против италијанскиот шампион Интер. Првото полувреме тука донесе само по еден гол и на двете страни, па најголемите возудувања ги водовме во вториот дел. Клуб Бриж со двата гола на Тресолди кој комплетираше хет-трик поведе со изненадувачки 3-1, Интер на десет минути пред крајот намали со вториот гол на Лаутаро, но Вермант се погрижи за нови два гола предност за гостите. Бони во финишот само успеа да го ублажи поразот за „нераѕурите“.
На останатите средби, Лајпциг со 1-0 го совлада ПСВ, Виљареал со 3-1 беше подобар од Наполи и Арсенал на свој терен немаше проблеми со Лил славејќи со 3-0.
- Ленс – Спортинг Лисабон 0:2
- Сабах – Славија Прага 2:0
- Арсенал – Лил 3:0
- Атлетико Мадрид – Манчестер Јунајтед 2:0
- Интер – Клуб Бриж 3:4
- Галатасарај – Барселона 1:4
- РБ Лајпциг – ПСВ Ајндховен 1:0
- Викинг – Баерн Минхен 3:3
- Виљареал – Наполи 3:1





