ЕФА: Бугарија да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство

Date:

На годишното собрание на Eвропската слободна алијанса (European Free Alliance) едногласно беше усвоена Декларација со која се бара Бугарија да се извини за сите злосторства нанесени на македонското малцинство за време на комунистичкото владеење. Во Декларацијата се бара и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со почитување на правото за регистрација на македонски организации во Бугарија.

Европската слободна алијанса смета дека состојбата со човековите права на Македонците во Бугарија е сериозна и дека ЕУ од оваа држава мора да бара да биде одговорна за своите законски обврски како земја-членка на унијата, особено во врска со обврските за човекови  и малцински права, кои Бугарија не ги исполнува.

Во Декларацијата се критикува и примената на двојните стандарди на ЕУ кон земјите-членки и земјите-кандидатки во врска со заштитата и третманот на националните малцинства и промоцијата на нивните права.

ЕФА го покрена и прашањето за невклучување на македонски претставник во Националниот совет за соработка за етнички и интеграциски прашања во Бугарија, за заедницата конечно да може да биде вклучена и застапена.

И на крај, во Декларацијата се бара Бугарија формално да се извини за историските злосторства што ги изврши против своето македонско малцинство за време на комунистичките години. „Ова мора да ги признае илјадниците Македонци кои беа тепани, присилно раселени, понижени, казнувани, затворани и убиени за изразување на својот етнички идентитет и за спротивставување на бугарските политики за денационализација“, се вели во Декларацијата на ЕФА.

Инаку на годинешното собрание, ЕФА  со Резолуција ги осуди и бугарските политички притисоци и ја повикa ЕК да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.

ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...