ЕУ испрати 11 авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани десетици илјади луѓе

Date:

Европската комисија активираше дел од својата противпожарна флота „rescEU“ за да им помогне на Франција и Шпанија во справувањето со големите шумски пожари што зафатија повеќе региони, објави Би-Би-Си.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека во Франција се распоредени пет авиони и два хеликоптери од флотата, додека уште четири авиони пристигнуваат во Шпанија во текот на денот.

„Моите мисли се со пожарникарите кои храбро се борат со огнената стихија и со сите кои беа евакуирани“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

Во меѓувреме, претставникот на шпанската Влада во регионот на Мадрид, Франциско Мартин, изјави дека околу 70.000 лица се евакуирани поради пожарите во регионите Мадрид и Авила, додека на повеќе од 20.000 жители им е препорачано да останат во своите домови.

Според Мартин, приоритет на властите останува спасувањето животи и обезбедувањето безбедна евакуација на населението. Тој нагласи дека засега нема пријавени човечки жртви, но предупреди дека во наредните часови може да бидат издадени дополнителни наредби и ги повика граѓаните строго да ги следат упатствата на надлежните служби.

Шпанската државна метеоролошка агенција (Aemet) соопшти дека опасноста од пожари и понатаму е „многу висока“ во голем дел од земјата, додека во североисточните и источните региони ризикот останува на „екстремно“ ниво.

Од агенцијата наведуваат дека состојбата е нешто подобрена во западните и централните делови на Шпанија во споредба со претходните денови, но предупредуваат дека временските услови и понатаму се поволни за брзо ширење на пожарите.

Во Франција, според Министерството за внатрешни работи, поради шумските пожари досега се раселени речиси 200.000 луѓе. Само во текот на ноќта беа евакуирани скоро 60.000 жители од населбите во западните предградија на Бордо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...