Еурофарм Пелистер поразен од европскиот ракометен шампион Магдербург со 31:26

Date:

Европскиот владетел Магдебург ја оправда улогата на апсолутен фаворит и со победа од 26-31 си замина од пеколот во „Боро Чурлевски“, задржувајќи го перфектниот скор во Лигата на шампионите (9/9).

Екипата на Еурофарм Пелистер, иако ослабена (без првиот голман Хеидарирад и Валид), одигра храбро, покажа заби, но на крајот мораше да му подаде рака на поквалитетниот противник.

Митревски блескаше, Хенигман „поцрвене“

Првото полувреме понуди рамноправна битка во поголемиот дел. Домаќините, носени од фантастичната атмосфера, успеаја да се вратат од негатива и на пауза да заминат со пристојни 12-15, благодарение и на одбранетиот пенал на младиот Давид Брестовац во самиот финиш.

Во вториот дел, класата на Германците дојде до израз. Кога Ник Хенигман заработи црвен картон (трето исклучување), работите станаа уште потешки за четата на Гарабаја. Сепак, Никола Митревски со 11 интервенции покажа зошто е еден од најдобрите, а во нападот расположени беа Богдан Радивојевиќ и Дејан Манасков со по 5 гола.

Следна станица: Загреб!

Овој пораз беше очекуван, но она што следи е „да се биде или не“. Еурофарм Пелистер на 3. декември гостува во Хрватска кај Загреб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...