Еурофарм Пелистер освои бод во дуелот со ГОГ Гудме

Date:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од четири порази во Лигата на шампиони, откако вечерва освоија бод на гостински терен во дуелот со ГОГ Гудме, одигрувајќи нерешено 28-28 (11-15) во рамки на 12. коло во групата Б.

Македонскиот шампион резервирано влезе на натпреварот довозлувајќи му на данскиот првак да го контролира резултатот од самиот почеток и да дојде до највисоко водство од пет голови разлика (13-8) во првото полувреме.

Натпреварот влезе во завршните 15 минути со предност на домаќинот од 22-18, но од тој момент на сцената стапи голманот Никола Митровски, кој со серија одбрани го врати Еурофарм Пелистер во игра за победа.

Еурофарм Пелистер со цепелинот на Кузмановски и Манасков дојде до израмнување на резултатот во 52 минута (24-24), а во следната за прв пат и поведе (25-24).

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која македонскиот првак се одбрани во последниот напад на ГОГ Гудме и остана непоразен на гостувањето во Данска.

Андреј Видомски со седум голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Митревски запиша 13 интервенции.

Со овој бод Еурофарм Пелистер остана на претпоследното место со 5 бодови, но ги задржа теоретските шанси за пласман во нокаут фазата пред двата завршни натпревари против ПСЖ на домашен и Барселона на гостински терен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...