Епско полуфинале во Мелбурн: Алкарас после пет и пол часа борба го елиминира Зверев за прво финале во Австралија

Date:

Шпанецот Карлос Алкарас се пласира во финалето на Австралија опен, откако во неверојатно драматична пресметка го победи Александер Зверев со 3-2 во сетови (6-4, 7-6, 6-7, 6-7, 7-5), по пет и пол часа атомски тенис. Титулата во Мелбурн е единствената што му недостига на Алкарас досега во кариерата.

Шпанецот подобро го отвори мечот и го освои првиот сет со 6-4 во гемови. Потоа следеше вистинска драма, дури три сета кои се решаваа во тај-брејк.

Алкарас го доби и вториот сет со 7-6, и се чинеше дека отпорот на Зверев е скршен.
Сепак, Германецот се врати во германски стил со максимално борбен карактер. Зверев ги доби драматичните поени во следните два сета, во кои повторно се играше тај-брејк, и мечот продолжи во финален петти сет.

Пет и пол часа играа двајцата тенисери, публиката се одушевуваше на секој поен, а максимално драматично беше и во петтиот сет.

Алкарас ја имаше првата меч-топка во 12-от гем од финалниот сет, и успеа да ја искористи за конечни 7-5 во гемови и пласман во финалето.

Во второто полуфинале на Австралија опен се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА –ДЕЛО ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Историската...

Вардар патува за Финска, КуПС е првата пречка во Лигата на шампионите

Ждрепката одлучи македонскиот фудбалски шампион Вардар во првото квалификациско коло од...

Трамп: „Имав многу добра средба со Зеленски. Премногу се гине во војната“

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на...

Проект вреден 6,5 милиони евра: Македонија добива центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција...