Емили Ратајковски откри што ѝ помогнало за полесно да го преболи разводот

Date:

Манекенката Емили Ратајковски се раздели од Себастијан Бер-МекКлард во 2022 година и сега се отвори за тоа зошто никој не треба да биде тажен по разводот.

Зборувајќи за австралиски Вог, таа рече дека одбива да го гледа разводот како неуспех.

Смета дека нема опасност во „гламурозниот“ развод. „Кога размислувате за тоа колку е табу разводот, мора да кажете: „Не, не е лошо, всушност, можеби е кул“, вели Емили.

Вели дека зборувањето за тоа многу ѝ помогнало да го преболи разводот и дека ѝ е драго што била искрена и отворена.

„Дури и самото споделување на моето искуство со разводот беше малку катарзично, но и убаво затоа што не сакам сите да мислат дека сум некој вид совршена личност“, рече таа. Иако беше отворена за сѐ, сепак не сакала да открие што го предизвикало нејзиниот развод. Таа претходно изјави дека не сака да зборува за причините за нивниот развод бидејќи сака да се фокусира на нејзиниот син.

Но, само затоа што смета дека разводот не е лоша работа, не се срамела да каже дека сепак тешко ѝ паднало. „Само што родив бебе, навистина сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам“, рече таа. Таа истакнува дека разводот на крајот е позитивна работа за неа. „За сите оние кои се под стрес поради разводот, тоа е добро“, рече таа.

Поранешниот пар има син, Силвестер Аполо Бер, кој е роден во 2021 година, а во брак беа четири години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...