Елтон Џон ја заврши прошталната турнеја, ја крена целата публика на нозе со I’m still standing

Date:

Опкружен со фанови од целиот свет, кои сакаа да го слушнат и видат својот идол на неговиот проштален концерт, по половина век настапи, сер Елтон Џон во саботата вечерта ја воодушеви публиката во Стокхолм и рече збогум.

Британецот ја почна прошталната турнеја во 2018 година, а ја заврши пет години подоцна во Стокхолм. Концертот го отвори со Bennie and the Jets, една од своите најпопуларни песни.

На последниот настап беа изведени 23 хита од разни периоди од неговата долга кариера, меѓу кои Rocket Man, Tiny Dancer, I Guess That’s Why They Call It the Blues и Philadelphia Freedom. Трипати излезе на бис за Cold Heart, Your Song и Goodbye Yellow Brick Road.

„Настапувањето за вас беше мојата причина да живеам и вие бевте апсолутно брилијантни. Вечерва беше волшебно. Не можам да ви кажам колку ќе ми недостигате и колку вашата поддршка ме направи понизен. Тоа ќе остане со мене засекогаш“, рече 76-годишниот музичар.

Кога почна песната I’m still standing, околу 30.000 гледачи во арената „Теле 2“ станаа на нозе.

На концертот Елтон ѝ оддаде почит на Арета Френклин со тактови на Border Song.

Во текот на петгодишната турнеја, прекината поради Ковид-19, неговите настапи ги следеа 6,25 милиони луѓе.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...