Познатата британска актерка Елизабет Харли во новата година влезе со гламурозен стил.
На социјалните мрежи, 57-годишната актерка сподели фотографии во кои е облечена во доста интересен новогодишен костим.
Станува збор за едноделен костим украсен со циркони, додека на главата носи интересна круна. Во објавата, актерката вели дека 2022 година ѝ остави горчлив вкус и многу убави, но и тажни спомени. Посака сите нејзини соништа да се остварат во наредната година.
Многумина сакаат да ја дознаат тајната за нејзиниот младешки изглед. неодамна таа откри дека утрото го започнува со две шолји топла вода, по што појадува грчки јогурт со банана и мед.
Навечер јаде пилешко на скара со многу зеленчук.