Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Date:

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на нејзиниот инстаграм-профил во која навидум ја потврди врската со американскиот кантри пејач Били Реј Сајрус, таткото на познатата пејачка Мајли Сајрус.

Имено, на фотографијата објавена на Велигден, двојката е во опуштено издание, на која Били Реј ја бакнува Елизабет во нејзиниот образ. На фотографијата таа носи сина карирана кошула во комбинација со светло сини фармерки, додека тој носи тексас кошула и панталони на пруги, а на главата има зелена лента со велигденски зајачки уши.

„Среќен Велигден“, кратко напиша Елизабет во описот, споделувајќи ја објавата со Били.

Обожавателите веднаш се упатија кон коментарите за да го изразат своето изненадување, а еден едноставно напиша: „Чекај… што?“. И реакцијата на нејзиниот син Демијан не остана незабележана. Тој ѝ оставил емотикони со срца во коментарите, сигнализирајќи дека е задоволен од емотивниот избор на мајка му.

Инаку, британската актерка претходно беше во 13-годишна врска со Хју Грант, со Стив Бинг во 2002 година го доби синот Демијан по краткотрајна врска, беше во брак со Арун Најар од 2007 до 2011 година, а претходно беше свршена со покојниот играч на крикет Шејн Ворн.

Кантри пејачот претходно беше во брак со Тиш Сајрус од 1993 до 2022 година, а минатата година го прекина бракот со пејачката Фајроуз по помалку од една година брак, која подоцна го обвини за вербално, емоционално и психичко малтретирање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...