Елизабет Харли води љубов со жена, во филмот што го режира нејзиниот 21-годишен син

Date:

Актерката Елизабет Харли сними провокативни сцени, со колешка во новиот еротски трилер кој го режира нејзиниот 21-годишен син Демиен, пишува „Дејли мејл“.

Во дебитантскиот филм на Демиен Харли, со наслов „Strictly confidential“, неговата 58-годишна мајка е снимена како води љубов со помладата актерка Пир Чиравара. Во еротската сцена, ликот на младата Пир ја заведува Елизабет и страсно ја бакнува по градите.

Откако завршило снимањето на филмот, Демиан ја пофалил својата мајка што го исполнила ветувањето дека ќе глуми во неговиот прв долгометражен филм. Својата благодарност ја споделил преку објава на Инстаграм профилот.

„Сите вклучени во овој проект заслужуваат јавна благодарност, но во моментов најмногу ѝ се восхитувам на мајка ми Лиз, која за време на снимањето на мојот прв краток филм во 2010 година (кога имав осум години), вети дека ќе глуми во мојот прв долгометражен филм. Таа остана доследна на зборот. Штом овој филм доби зелено светло, таа се откажа и се приклучи на снимањето на прекрасните Кариби. Заедничката работа беше мојот сон“, напишал тој.

Инаку, ова не е прв пат Елизабет да глуми во еден од проектите на нејзиниот син. Минатата година таа била на снимањето на неговиот краток филм „The Boy on the Beach“. Во 2018 година, актерката откри дека нејзиниот син постојано ја снима како позира во бикини за социјалните мрежи, а многумина коментираа дека тоа е „чудно и бизарно“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...

Се бара 30 дневен притвор за Бектеши

Oсновното јавно обвинителство бара 30 дневен притвор за поранешниот...