Нови пикантерии од разводот на оскаровецот Кевин Костнер. Валкниот веш пред очите на јавноста.
Холивудскиот заводник, мегапопуларниот актер Кевин Костнер и неговата наскоро бивша сопруга Кристин Баумгартнер моментално имаат многу проблеми во комуникацијата, а меѓу нив „беснее“ вистинска мала војна, која изгледа почна да се движи во корист на актерот.

Откако долгогодишната сопруга на Кевин Костнер одбиваше да се исели од куќата во која живееја заедно со години, папараците забележаа дека пред имотот на славниот актер во Калифорнија нешто се случува, се движат камиони , најверојатно поради селидбата на неговата екс сопруга.
Сега се знае дека Кристин се преселила, но не отишла далеку – таа сега живее на истиот имот, но во куќата за вработените.
– Кристин го следи советот на адвокатот, во согласност со предбрачниот договор, па останала во помала куќа на истиот имот, кој се користи како куќа за послугата – истакнува за „People“ извор близок до семејството на Кевин Костнер.
Тој истакна и дека тоа е привремено решение и дека Кристин Баумгартнер „се уште бара друга куќа“.
Наскоро бившите сопружници имаа три деца – Грејс, Хејс и Кајден, а Кристин во судските документи изјави дека Костнер им рекол на децата дека тие се разделуваат без да се консултира со неа.

Актерот тоа го направил самостојно и на не претерано внимателен начин.
– По 24 години врска, Кевин им кажа на децата дека се разведуваме преку видео повик, од неговата хотелска соба во Лас Вегас, без мое присуство. Сè уште ме збунува зошто го направи тоа така – истакна Кристин.