Екс-репрезентативец потпиша за најмакедонскиот клуб во Австралија

Date:

Метју Божиновски, поранешниот младински репрезентативец на Македонија, го промени клубот и ќе игра за нов колектив од Австралија.

23-годишниот Божиновски кој игра на позицијата стопер и има три настапи за У21-тимот на Македонија, кариерата ќе ја продолжи во најмакедонскиот колектив во Австралија, тоа е тимот на Престон Лајонс.

Божиновски ќе биде едно од најзвучните имиња во составот со оглед на тоа што доаѓа од австралиската А-лига, каде играше за Мелбурн Сити и за Велингтон.

Престон Лајонс или од претходно Престон Македонија, го имаат формирано македонски иселеници во 1947-та година и тимот се наоѓа во предградието на Мелбурн. Во 1998 година, тренер на тимот беше поранешниот селектор Андон Дончевски, а додека се играат мечевите на трибините се пејат македонски патриотски песни.

Тимот сезоната лани ја заврши на второто место во Премиер лигата на Викторија и обезбеди промоција во повисок ранг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поевтино е да се гледа Леброн во НБА, отколку Брони во Развојната лига

Брони Џејмс синоќа официјално дебитираше за тимот на Саутбеј...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ОБЕДИНУВАЧ НА ЦЕЛИОТ ИСТОК (31)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ „УЛОВЕНА“ СО НОВО МОМЧЕ, НЕ ГО ПУШТА ОД РАЦЕ

Поп ѕвездата и актерка Џенифер Лопез по разводот од...

Мет Лебланк целосно се откажа од глумата: тој сега води салон за луксузни автомобили

Како што дознава „Дејли мејл“, Мет Лебланк целосно се...