Експлозија во бар во скијачко одморалиште во Швајцарија, десетици мртви

Date:

Повеќе лица загинаа, а има и повредени, по експлозија во бар за време на новогодишна забава во елитното скијачко одморалиште Кран-Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денес швајцарската полиција.

Повикyвајќи се на полицијата, Скај њуз пренесе дека во инцидентот загинале најмалку десет лица, додека некои локални медиуми наведуваат дека бројот би можел да биде значително поголем – четириесетина.

Портпаролот на полицијата одби да го потврди бројот на жртвите, но изјави дека многу луѓе се лекуваат поради изгореници.

Во моментот на експлозијата, во барот имало повеќе од 100 луѓе, изјави портпаролот на полицијата.

Пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ во барот „Ле Констеласјон“ во Кран-Монтана, каде што полицијата, пожарникарите и спасувачките служби биле ангажирани да им помогнат на жртвите.

Подрачјето е целосно затворено, а над Кран-Монтана е воведена забранета зона за летање, соопшти полицијата, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште не се знае.

Швајцарските власти соопштија дека инцидентот се смета за пожар, а не за напад.

Оваа потврда дојде откако полицијата претходно за Скај њуз изјави дека настанот не се третира како терористички чин.

Според претходни извештаи на швајцарскиот медиум Блик, причината можеби била поврзана со пиротехника користена за време на концертот.

Властите исто така потврдија дека меѓу настраданите има и државјани на други земји.

Точните националности засега не се објавени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Принцот Хари се повлекува од висока функција — наводно заработувал милион долари годишно

Принцот Хари повеќе не е главен директор за општествено...

Кендал Џенер: Не сум гола

Сите се прашуваа дали Кендал Џенер е целосно гола...

Му платила на својот поранешен сопруг за да молчи! Пејачката му забранила да открива тајни од нивниот брак

Пејачката Аријана Гранде (33) и агентот за недвижности Далтон...

Македонија со реми против Северна Ирска на стартот на квалификацискиот турнир

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години со реми без...