Бојата наречена „Pantone 488C“ се смета за најгрдата боја на светот.
Експертите ја опишуваат оваа боја како „смрт, нечистотија и катран“. Имено, оваа нијанса има важна задача – да ги одврати луѓето од пушење.
„Pantone 448C“ е боја која може да се опише како сиво-темно-кафеава. Во 2016 година, по тримесечно истражување и неколку студии спроведени од агенцијата „GfK“, беше заклучено дека оваа боја е толку „одвратна“ што може да ги одврати луѓето од пушење.
„Оваа боја ги потсетува луѓето на смрт и нечистотија. Никој немаше позитивни коментари за неа“, во една прилика изјавила за британските медиуми Викторија Пар, која го водела истражувањето.
Истражувањето го нарачала австралиската влада, која барала да се најде најодвратна боја и истата да биде наменета за пакување на тутунски производи.
Другите земји, како Велика Британија, Ирска и Франција, наскоро го следеа примерот на Австралија, ставајќи ја истата боја на тутунските производи.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]