Експертите докажаа, чипсот и сладоледот предизвикуваат зависност исто како никотинот и кокаинот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Не можете да го оставите ќесето чипс? Науката вели дека проблемот не е во вас, туку во нездравата храна. Експертите велат дека ултра-обработената храна предизвикува зависност како никотинот, кокаинот или хероинот, пренесува Њујорк пост.
Новата анализа на 281 студија во 36 различни земји покажа дека неверојатни 14 отсто од возрасните се зависни од ултра-обработена храна.
Откритието е шокантно кога знаеме дека ултра-обработената храна, која вклучува колбаси, сладолед, грицки, безалкохолни пијалаци и слатки житарки, е поврзана со когнитивно опаѓање, карцином, психолошки проблеми, па дури и со рана смрт.
„Се чини дека комбинацијата на рафинирани јаглехидрати и масти кои често се наоѓаат во ултра-обработената храна може да го зголеми потенцијалот за зависност од оваа храна“, напишаа авторите на студијата во нивните наоди објавени во The BMJ.
Еден од авторите на студијата, Крис ван Тулекен, рекол за „Гардијан“ дека „ултра преработената храна предизвикува зависност кај многу луѓе“.
„Кога луѓето стануваат зависни од храна, во прашање е речиси секогаш ултра-обработената храна“, додал Тулекен.
Зошто е тоа така останува мистерија. Научниците се сомневаат дека само една состојка може да предизвика зависност.
„Консумирањето ултра-обработена храна предизвикува налет на допамин, кој се намалува со текот на времето, што доведува до ненадеен циклус на желба, копнеж, слично како некој кој е зависник од алкохол или од дрога. Иако е малку веројатно дека сами по себе предизвикуваат зависност, адитивите во храната може да ги интезивираат калориските ефекти“, забележал истражувачкиот тим.
Според мислењето на Ван Тулекен, производите кои предизвикуваат зависност немаат ист ефект кај сите.
„Речиси 90 отсто од луѓето можат да пробаат алкохол и да не развијат проблематична врска. Така, некој ќе изеде грст чипс и ќе биде задоволен, а некој можеби нема да ја има таа среќа.“
Повеќето намирници се безбедни во умерени количини. Хелтлајн наведува дека не повеќе од 10 до 20 отсто од нашите калории треба да доаѓаат од преработена храна.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...