ЕКСКЛУЗИВНО ЗА МАКТЕЛ СО МЛАДЕНЦИТЕ КОИ СИ ВЕТИЈА ВЕЧНА ЉУБОВ НА КАРПА ВО ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ

Date:

Елена е од Македонски брод, а Стевче е од Битола. Стевче е носител на титула сенсеи 2 дан по Шотокан карате, додека Елена е активна со маунтаин бајк, конкретно даунхил.

Овие двајца млади луѓе својата љубовна приказна решија да ја овековечат со една необична фотосесија на карпа, која совршено ја изведе еден од најдобрите македонски фотографи Сашо Ставрев, исто така голем вљубеник во планината. При тоа интересно е што невестата е во свечен свадбен фустан. Екслузивно за Мактел тие ја претставуваат нивната фотосесија.

-Запросување на карпа, невестински фустан, шампањ… една навистина необична сцена во планиски пејсаж. Каде се случи сето ова?

Стевче: Ја побарав Елена да ми биде сопруга за време на нашиот престој на островот Голем град на Преспанското езеро. Ова беше наша желба за овековечување на запросувањето на еден необичен начин.

-Како дојде на идеја за вакво запросување?

Стевче: Затоа што и двајцата сме љубители на божјата творба-природата. Планината е наша голема љубов и затоа сметавме дека нашата љубов треба да ја крунисаме токму во еден таков амбиент.

-Беше ли тешко да се организира сето ова?

Стевче: Желбата беше голема и планирана подолг временски период со избор на нашата омилена планина Пелистер.

-Колку време траеја подготовките и што се треба да се обезбеди за еден ваков посебен момент да помине беспрекорно?

Стевче: Завршните подготовки траеја два дена, бидејќи поголем број места на планината ни се добро познати, а изборот на невестинскиот фустан беше по желба на Елена.

-Колку долго сте заедно и колку долго ја делите љубовта кон планината?

Стевче: Љубовта кон планината трае полни 28 години. Ние сме вљубеници во природата и планината, така што и двата сакаме да ја напуштиме урбаната средина и да се преселиме во прегратка на природата.

-Кои се вашите омилени планински дестинации низ Македонија?

Стевче: Кањонот по течението Црна Река, Баба планина, Маврово, Попова Шапка и секако најмногу Пелистер. Македонија изобилува со чудесни планински пејсажи и секој треба да ужива во нив.

– Што би им препорачале на паровите кои сакаат една поинаква фото сесија во природа како што е вашата?

Стевче: Изборот секој си го прави секој по своја замисла, а ние им препорачуваме дури и во еден ваков планински амбиент да си земат стаклени чаши за шампањ за да доловат моменто на свеченост. И најважно од се е се што прават да прават искрено и од душа.

Им посакуваме среќен брак и наредна фото сесија со третиот член на фамилија Михајловски.

Фотографии: Сашо Ставрев

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија

Секој трет граѓанин или 35,2% од населението размислува за...

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет...