Ексклузивно за Мактел интервју со Дијана Неделковска-трикратен светски првак во екстремна самоодбрана

Date:

-Дијана Неделковска која тренира боречки повеќе од три децении, ја носи титулата на Кик Бокс
мајстор 6 дан и e трикратен светски првак во екстремна самоодбрана.

-Повеќе од три децении тренирате боречки вештини. Какви беа почетоците и какви се вашите
оценки за тоа до каде стигнавте до денес?

– Точно така, веќе 36 години тренирам боречки вештини, што навистина е многу долг период на посветеност и одрекување од многу работи. За боречките вештини знам откако знам за себе, но во салата прв пат влегов на мои 4 години. Главен ,,виновник,, за она што сум денес беше мојот покоен татко, Златко Неделковски познат и како татко на поголем дел на боречките вештини и спортови во Македонија, кој морам да признаам дека од првиот ден беше многу против тоа јас да бидам неговиот наследник. Многу често погледнувам назад за да видам што се сум направила и што се сум пропуштила во овие 36 години и на крај кога повторно би се родила, пак би избрала да бидам она што сум денес.

-За нед до академијата е наследство од вашиот татко, мајсторот Златко Неделковски. Го
продолжувате неговото дело. Колку битолчани ги следат неговите стапки?

– Токму така ЗА НЕД ДО е наследство од мојот татко, но и храмот на таткото на кик боксот.
ЗА НЕД ДО е многу повеќе од само еден обичен клуб за боречки вештини, тој е приказна која уште долго ќе се раскажува.
Тежината да го продолжите она што тој го оставил и да ги следите неговите чекори е навистина голема, но во оваа приказна јас не сум сама. Рамо до рамо чекорам заедно со моите тренери и инструктори за кои со двете раце потпишувам за нивниот квалитет и знаење.
A фактот дека во нашата академија тренираат деца од Битола, Ресен, Прилеп и околните општини говори многу за квалитетот на ЗА НЕД ДО.


-Напишавте и книга „Големиот воин и неговата храбра ќерка“. Што би издвоиле од книгата како
препорака за читателите? Кој треба да ја прочита оваа книга и зошто?

– Приказната за ,,Големиот воин и неговата храбра ќерка,, започна да се пишува после смртта на мојот татко. Беше голем човек на кој и светот му се поклонуваше па затоа сакав да ја раскажам неговата животна приказна која се надевам ќе биде мотив плус за сите генерации да продолжат да се борат за своите соништа и тогаш кога мислат дека треба да се откажат.Таа е напишата за да може да ја прочита секој и децата и возрасните, а не случајно во нејзините страници се кријат мали пораки кои треба да ги пронајдете.Оваа книга за момент на сите нас ќе ни ги врати вредностите кои за жал во 21 век ги изгубивме.

-Дали жените се интересираат доволно за боречките спортови и зошто е важно за една жена да ги
знае техните на самоодбрана?

– Мислам дека и жените и мажите подеднакво треба да имаат барем малку познавање од боречките вештини односно од инстиктивата самоодбрана.
Секој од нас без разлика дали се работи за маж, жена или дете треба да знае како да се самозаштити или да одбегни напад. Интересот за боречките вештини барем кога се работи за мојата академија е доста голем и тоа ме радува, без разлика дали станува збор за такмичари или за рекреативци.
Она што секогаш го говорам е фактот дека е време во ова невреме да го спуштиме сите егото малку долу и да дозволиме да научиме нешто повеќе за нашата заштита и безбедност.

-Која е главната филозофија на кик боксот?

– Филозофијата на кик боксот односно на боречките вештини е многу голема и длабока. Со неа чекорам низ животот и со неа ги учам моите членови да чекорат низ животот. За да ја дознаеш филозофијата се потребни години посветеност и работа. После смртта на мојот татко си ветив себе си дека многу работи кои ги знам како наследство од него нема никогаш на никој да ги откријам, па со оглед на тоа дека денес секој е тренер нема да ја откријам филозофијата на кик боксот, нека остане тајна кога еден ден можеби ќе се раскажи.

-Редовни сте и на натпревари. Каде сте ги покажале вашите вештини во последниот период?

– Лично јас со натпреварувачката кариера завршив во 2015та година кога беше и моето последно светско првенство, така си ветив себе си и така и направив. Од тој момент па се до ден денес сум максимално посветена на членовите во академијата.
Во текот нa 2O23 година која полека изминува бевме присутни на околу пет натпревари во различни федерации, а за успехот наш оставам да зборуваат другите. Не ми е важна бројката на натпревари, важен ми е успехот на истите, oдносно важно ми е да им дадам шанса на секое дете да го покаже и докаже своето знаење и нивните успеси. Со оглед на тоа дека на последниот натпревар имавме девет такмичари и сите девет борбите ги завршија со нокаут говори многу.

-Какви се натамошните планови?

– Во текот на месец Ноември имаме неколку проекти кои се веќе закажани и кои треба да ги завршиме. Што ќе донесе следната година не знам, но се надевам дека и 2024та ќе се покажеме во одлично светло како и досега. Во принцип моите планови не ги кажувам пред време, некако се водам според она старото ,,прво скокни па викни оп,, така да важно ми е само да сме сите здрави и живи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...