Лос Анџелес Лејкерс со 104-101 го победи Голден стејт и поведе со 3-1 во серијата, трета победа забележа и Мајами кој со 109-101 го совлада Њујорк.

Лејкерс и Голден стејт одиграа крајно неизвесен натпревар, а како клучен се покажа 24-годишниот Лони Вокер кој блесна во последната четвртина за пресврт и победа на домаќините.

Вокер немаше поени во првите три четвртини, но во последните 12 минути постигна 15 поени и го направи пресвртот.

Најдобар на теренот беше Стеф Кари кој имаше трипл-дабл учинок со 31 поен, 14 асистенции и 10 скокови, но неговата добра партија не беше доволна за да се избегне поразот. Леброн Џејмс беше најефикасен со 27 поени кај Лејкерс, Дејвис имаше 23 поени и 15 скокови, одличен беше и Ривс со 21 поен.

На победа до пласман во конференцико финале е и Мајами кој со 109-101 го совлада Њујорк и поведе со 3-1.

Батлер со 27 поени и 10 асистенции беше најдобар во составот на Мајами, Адебајо постигна 23 поени, имаше и 13 скокови. Кај Њујорк, Брансон имаше 32 поени и 11 асистенции.

Резултати: Мајами – Њујорк 109-101 (3-1), ЛА Лејкерс – Голден стејт 104-101 (3-1).