Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Date:

Едно лице е повредено во пукање што денеска се случило во скопската населба Чаир, во близина на чаирскиот стадион. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), лицето е пренесено во болница, но засега нема детали за неговата здравствена состојба.

„Oд ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој, според пријавеното, бил повреден во паркот на улицата ‘Кемал Сејфула’ во Скопје“, информираат од МВР.

Инцидентот предизвика вознемиреност меѓу жителите на населбата, а полицијата е веќе на терен за да ги собере потребните информации и докази.

За расчистување на случајот, истрагата активно се спроведува со помош на безбедносните камери од проектот „Сејф сити“, кои би можеле да дадат информации за сите инволвирани во инцидентот.

„Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион“, додадоа од МВР, истакнувајќи дека истрагата е во почетна фаза и повеќе информации ќе бидат достапни по завршувањето на увидот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...