[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Еве што според неа никако не смеете да ги прашувате жените без деца за време на празниците!
Ели цврсто стои зад своите ставови, а коментарите на мрежите стануваат сè побројни.
Ели Гонсалвес (33) е австралиска манекенка и модел која честопати ги шокира луѓето на социјалните мрежи со своите ставови и провокативниот изглед. Таа неодамна предизвика големо внимание во јавноста откако објави список со 117 причини поради кои не сака да има деца.
Во свој стил, Ели овојпат повторно шокираше со необична листа од 12 работи што не треба да им се кажуваат за време на празниците на жени кои избрале да немаат деца. Оваа објава на Инстаграм го привлече вниманието на 120.000 луѓе.
Што е на списокот?
Ели и нејзиниот сопруг Рос се венчаа минатата година, по 15 години врска. Според неа, пред осум години се договориле дека не сакаат да имаат деца, но секојдневно трпат притисок од познаниците и семејството да добијат наследници.
Овој пат, таа отиде чекор понатаму и на својот профил на Инстаграм обелодени 12 нешта кои таа ги нарекла заповеди што никако не треба да им се кажуваат на жени без деца за време на празниците. Меѓу другото, на списокот има прашања како што се: Кога ќе имате деца? Кога ќе се мажиш? Може ли да те запознаам со пријател/член на семејството?
Гонсалвес, исто така, понуди општи совети за празниците, вклучувајќи го и изразувањето на незадоволство од храната што не сте ја подготвиле, посочувајќи дека тоа е крајно непристојно. Таа нагласи дека учтивоста е неопходна дури и кога ќе добиете подарок што не сте го посакувале. Таа, исто така, ги предупреди луѓето за време на празниците да не бидат непријателски настроени кон геј членовите од фамилијата.
Иако беше свесна дека и овојпат ќе се соочи со бројни остри критики, таа реши цврсто да застане зад своите ставови. Ели нагласи дека некои од причините што ги навела се духовити, но дека повеќето од нив се засновани на факти. Таа истакна дека општествениот притисок, кога станува збор за мајчинството, е многу конзервативен и дека поради стравот од реакцијата на јавноста, ретко се слуша глас за поддршка за оние со различни ставови.
Ели уште еднаш покажа храброст и истрајност да го живее својот живот според сопствените правила, а не според она што го наметнува општеството, пишува Њујорк пост.
Очекувано следеа бројни реакции на оваа нејзина објава.
– Се согласувам со повеќето ваши ставови, морам да го споделам ова.
– Ви благодарам за овие зборови, морам да им ја покажам вашата листа на членовите на моето семејство и роднините.
– Ова звучи како член на семејството со кој не се согласувам добро. Вашите точки објаснуваат каков нарцис сте.
– Во шок сум!
– Осаменоста ќе ви биде пријател додека стареете. Нема да бидете вечно млада и модел. И никогаш нема да ја почувствувате вистинската љубов што би ја имале спрема детето и тоа кон вас. Еден ден ќе се сетите на моите зборови – беа само дел од коментарите на нејзината објава.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]