„Една битка по друга“ триумфираше на годинешните „Оскари“ – освои шест статуетки, меѓу кои и за најдобар филм

Date:

Ноќеска се одржа 98. доделување на филмските награди „Оскар“, а апсолутен победник на вечерта е филмот „Една битка по друга“, кој освои вкупно шест златни статутеки од вкупно 13 номинации.

Филмот на режисерот Пол Томас Андерсон е награден во категориите – најдобар филм, најдобар режисер, најдобра монтажа, најдобро адаптирано сценарио, најдобра споредна машка улога и најдобар кастинг.

Станува збор за политички трилер со Леонардо Ди Каприо во главната улога, кој раскажува приказна за милитантни активисти во САД кои се борат за правата на мигрантите. 

Второто место по бројот на награди го зазеде филмот „Грешници“, кој однесе четири Оскари, додека „Франкенштајн“ освои три. Анимираниот хит за Кеј-поп музиката „Ловци на демони“ освои два Оскари.

Златните статуетки за најдобар актер и актерка им беа доделени на Мајкл Б. Џордан за филмот „Грешници“ и на Џеси Бакли за „Хамнет“.

Церемонијата на доделување на американските награди „Оскар“ се одржа во театарот „Долби“ во Холивуд, Лос Анџелес, а церемонијата ја водеше комичарот Конан О’Брајан.

Отом Дуралд Аркапо го освои Оскарот за најдобра кинематографија, со што стана првата жена која ја освоила златната статуетка во оваа категорија.

„Пејачите“ и „Двајца луѓе што разменуваат плунка“ ја поделија наградата за најдобар краток филм, што се случува по само шести пат во речиси едновековната историја на церемонијата.

Касандра Кулукундис го освои првиот „Оскар“ за најдобар кастинг за „Една битка по друга“, а „Аватар: Оган и пепел“ ја доби наградата за најдобри визуелни ефекти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...