Притворот на осомничениот за двојното убиство во „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена, потврдија од Обвинителството за „Макфакс“.
„Во интерес на чувствителноста на истражната постапка која е во тек, Основното јавно обвинителство Скопје во овој момент не е во можност да споделува повеќе детали. Веднаш штом бидат испитани одредени околности и ќе биде надмината опасноста за загрозување на постапката, соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Убиени беа Јетон Кривањева и Енес Исени, познати „играчи“ во скопските криминални кругови.
Скопјанецот неофицијално е осомничен за поврзаност со автомобилот „Ауди“ со кој убијците избегаа, аа потоа беше пронајден запален.