Еден развод во 300 години, ова село држи светски рекорд

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Биертан, прекрасно село во познатиот романски регион Трансилванија, има свој лек за разводите наречен „брачен затвор“, каде што паровите чии бракови не функционирале биле затворани со недели за да ги решат своите проблеми.

Иако звучи како кошмар, решението било доста ефикасно бидејќи во период од 300 години само еден пар се развел.

Локалниот епископ бил тој што ги затворал луѓето, каде што тие поминувале 6 недели работејќи на оживување на својот брак. Додека биле таму, морале да делат сè, од перница и чинија до маса.

Иако разводот бил дозволен под одредени околности, како што е неверството, било пожелно паровите да се обидат да ја спасат својата заедница. Така, сопружниците што барале развод доброволно ќе го посетеле бискупот, кој ќе ги испрател во брачен затвор за да видат дали можат да ги пребродат разликите.

Ако одлучеле да се разведат по долгите недели поминати в затвор, мажот морал да ѝ плати на жената половина од заработката. Во општество каде што мажите ја играле улогата на хранител на семејството, ова требало да биде сигурност дека жените и децата ќе бидат заштитени. Но, ако мажот повторно се оженел и се развел, тогаш втората жена немало да добие ништо.

Во секој случај, „брачниот затвор“ бил толку успешен, што во три века имало само еден развод.

Се шпекулирало дека сопружниците што биле во „брачен затвор“ избирале да не се разведат од практични причини. Да се биде затворен шест недели значело дека е изгубено време кое можело да се искористи за работа на посевите, што можело да доведе до недостиг на храна за следната година.

Така, се вршел сопружниците што поскоро да се смират за да излезат од затворот и да се вратат на работа. Ако успееле да постигнат компромис, тие можеле да бидат ослободени по две недели.

„Брачниот затвор“ во Биертан повеќе не функционира и е претворен во музеј.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...