Еден починат, а уште едно лице повредено откако се затруле на свињарска фарма во Светиниколско

Date:

Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

-Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје, вели Панајотова.

Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на денот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Синер кажа што мисли за повлекувањето на Ѓоковиќ од Австралијан опен

Првиот рекет на АТП-листата, Јаник Синер, ќе се соочи...

Ракометната репрезентација на Македонија со Франција на Светското првенство.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:30...

Ролат со јаболка

Состојки:За тесто4 голими јајца120 гр шеќер1 ќесече ванилин шеќер4...

Белгија избра селектор, во Скопје доаѓа со човекот кој го откри Еден Азар!

Белгиската репрезентација наскоро ќе добие нов селектор. Руди Гарсија,...