Евростат: Македонија и Романија со најголем напредок според стандардите за куповната моќ

Date:

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места.

Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.

– Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PPS низ 27-те земји, најголемите победници се Романија и Македонија. Романија се искачува од 20-то на 12-то место, додека Македонија се искачува од 24-то на 16-то место, при што обете напредуваат за осум места. Србија напредува за пет места, Хрватска и Бугарија за три места. Најголем губитник е Естонија, која паѓа од 16-то на 26-то место, додека Латвија, Чешка и Кипар исто така губат четири места, велат од Евростат.

Од државите членки на ЕУ, според овој параметар, на прво место е Германија по што следуваат Луксембург, Холандија, Унгарија и Чешка.

Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји – 6,9 проценти. Следуваат Романија и Естонија со по 6,8 проценти, Белгија со 5,8 проценти, Грција со 4,5 проценти, Луксембург со 2,5 проценти, Франција со 2,4 проценти и Холандија со 1,9 проценти.

Податоците на Евростат покажуваат дека само осум држави од 29 европски земји ја зголемиле бруто минималната плата од јануари наваму. На прво место е Луксембург каде бруто минималната плата изнесува 2.771 евро по што следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343 евра, Холандија со 2.338 евра и Белгија со 2.234 евра.

Македонија, Црна Гора и Србија, како држави кандидати за Европската унија, имаат повисока бруто минимална плата од Бугарија, која е членка на ЕУ.

Од државите членки на Европската унија најниска бруто минимална плата има Бугарија – 620 евра, додека повисока од неа имаат некои држави кандидати за Европската унија како што се Македонија со 624 евра, Црна Гора со 670 евра и Србија со 743 евра минимална плата. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...