Европскиот сојуз за промени бара Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да откријат кои се вистинските причини поради кои Артан Груби им доделил средства на невладини организации блиски до ДУИ, под какво образложение биле пуштени тие средства и, најважно – каде средствата завршиле.
Инаку, државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ, вработени во Министерството што го раководи Артан Груби, поранешен член на ДИК, вработена во општина Струга, но и советничка за протокол во владата се дел од луѓето кои добиле државни пари за невладини организации во кои се основачи.
„За да биде сомнежот поубедлив дека се работи за перење пари служи и фактот што дел од овие луѓе, кои ги раководат со овие организации, се и официјални донатори на ДУИ. Тоа налага да се мисли дека се работи за сериозна финансиска манипулација, бидејќи од една страна се чини дека Артан Груби издвојува државни пари за овие организации, а од друга страна истите пари се враќаат во ДУИ“, се вели во соопштението од Европскиот сојуз за промени.
Од Сојузот велат дека после 8 мај годинава ќе иницираат истражна постапка за овој предмет.