Кога се млади, луѓето често се плашат дека кога ќе наполнат 30 години ќе остарат. Таа година обично се зема како почеток на стареењето и често се поврзува со средовечна криза.
Но, едно истражување го покажало сосема спротивното. Се дошло до заклучок дека дваесеттите години воопшто не се најсреќните години во животот на една личност. Резултатите од студијата покажале дека луѓето се всушност најсреќни на возраст од 30 до 34 години.
Студијата објавена во списанието Social Indicators Research дошла до интересен заклучок дека најсреќни сме на возраст од 30 до 34 години, додека, на пример, 40-тите и 50-тите години не се доживуваат како најмалку среќен период во животот.
Луѓето кои се постари од 50 години од 13 европски земји морале да размислуваат и да одговорат на прашања за нивните животи: вклучувајќи ги најсреќните моменти, значајните лични и семејни настани.
За половина од испитаниците, нивниот најсреќен период траел две децении, почнувајќи од раните триесетти. Во тој временски спектар, периодот до 34-годишна возраст генерално бил означен како најдобар од голем број испитаници.
Најчесто ваквиот резултат е последица на промената на размислувањето за брак, деца, деловни односи и оние дома. Среќата го достигнува својот врв во нашите 30-ти и може да трае до средна возраст.



