[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Простувањето е повисока форма на хуманост и филозофски поглед на животот. Простувањето е неизмерно моќно, колку и да е тешко понекогаш. За многу луѓе, простувањето е незамислив чин, особено кога станува збор за некој кој длабоко ги повредил.
Навистина е тешко да му простите на некој кој постојано се однесува лошо со вас, кој ви го уништува животот на секој можен начин и кој не се кае. Некогаш ги отсекуваме таквите луѓе од нашите животи, но друг пат не можеме. Затоа простувањето е од големо значење, бидејќи дава мир, ги лекува телото и душата.
Простувањето го стимулира имунолошкиот систем
Простувањето има неверојатно влијание не само на емоционалната состојба на телото, туку и на физичкото здравје. Чинот на простување предизвикува ослободување на супстанции кои ги потиснуваат адреналинот и кортизолот во телото, што ја стимулира имунолошката одбрана и го намалува стресот. Хормоните на стресот се познати по нивната способност да го потиснат формирањето на бели крвни зрнца, кои се основен материјал на имунолошкиот систем.
Ги подобрува односите
Да се биде во состојба искрено да се прости е од големо значење за односите, и интимни и пријателски, социјални, колегијални. Покажувањето емпатија, разбирањето за туѓите погрешни дела дава крилја што само човек што простува може да ги почувствува на грб. Тие навистина даваат слобода и ни помагаат да живееме помирно со себе, како и да ги подобриме односите со луѓето околу нас.
Го подобрува сонот
Кога човек го мачат проблеми, неискажани зборови или кажаното, со кое го повредил или бил повреден, сонот страда. Во текот на ноќта, сите негативни мисли го напаѓаат умот и не спречуваат да заспиеме. Се крева гнев, се појавува жалење, чувство на неправда.
Ако научите да простувате, ќе ви биде многу полесно да спиете мирно ноќе.
Помага за опоравување од повреди
Научниците од Универзитетот Стенфорд открија дека простувањето помага и за побрзо заздравување на раните и траумите. Тие ги следеле луѓето повредени во различни инциденти во конфликтните зони во Северна Ирска, како и нивните семејства. Истражувачите откриле дека луѓето кои простувале доживеале пониски нивоа на стрес за закрепнување, што го забрзувало процесот на заздравување.
Покрај тоа, нивото на оптимизам, симпатија и самопочит кај овие луѓе се зголеми неколку пати.
Го подобрува кардиоваскуларното здравје
Друга студија објавена во Journal of Behavioral Medicine покажува дека простувањето помага во намалување на крвниот притисок. Окситоцинот (хормонот на среќата) кој се ослободува помага да се забави отчукувањата на срцето и да се подобри циркулацијата на крвта.
Ја стимулира когнитивната функција
Способноста на мозокот да запомни и класифицира нови информации, како и да ги обработува, се подобрува кај луѓето кои знаат искрено да простат. Ова беше откриено со студија на научници од Универзитетот Шефилд во 2001 година.
Тие правеле магнетна резонанца на мозочната активност на луѓето во ситуации кога морале да простат некому во критичен момент. Резултатите покажале дека мозокот покажува зголемена активност во фронталниот лобус, кој е одговорен за решавање на проблеми, примена на морал, размислување и меморија.
Во секој случај, ќе се чувствувате подобро ако некому му простите. Така, негативните чувства ќе престанат да ве глодаат одвнатре и ќе ја подобрите вашата емоционална и здравствена состојба.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]