Еве во кој град луѓето се најљубезни

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

При изборот каде да патувате, љубезноста на локалното население е дефинитивно важна бидејќи не сакате да завршите некаде каде што се чувствувате непожелни. Дури и дестинација со најголеми атракции може да ви остави лош впечаток ако на крајот се чувствувате несигурно.

За среќа, има огромен број градови во кои нема да се чувствувате така. Иако љубезноста може тешко да се измери, компанијата за складирање багаж „Баунс“ се впушти во овој подвиг. Истражувањето направено од „Баунс“ ги рангира градовите во Европа земајќи предвид низа фактори – стапката на криминал, среќата и многу други фактори.

Совршена оцена

На крајот, градот од земјата на часовниците, банките и сирењето се најде на врвот – Цирих.

Градот заработи совршена оцена за прифаќање на ЛГБТК+ членовите, како и висока оцена за среќа и ниска оцена за криминал, а според дадените критериуми, се покажа како најпријателската дестинација во Европа.

И покрај тоа, не се смета за омилена дестинација меѓу туристите и лесно е да се види зошто. Единицата за економско разузнавање (EIU) во своето последно истражување за трошоците на животот, кое ги следи цените над 200 долари и услугите во 172 града низ светот, го стави Цирих на 6. место на листата со најскапи градови во светот. Цирих е и првиот европски град на таа листа (во топ-5 се Сингапур, Њујорк, Тел Авив, Хонгконг и Лос Анџелес).

Сребрен медал

Инаку, во однос на учтивоста, „сребрениот медал“ го освои Копенхаген благодарение на нивото на среќа и прифатеноста на ЛГБТК+ популацијата, додека трет е Минхен, кој има исклучително ниска стапка на криминал.

Во првите 10 града според ова истражување се и Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...