ДУШАТА ЗБОРУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Date:

На вториот ден од Саемот на книгата, Арената „Борис Трајковски“ беше исполнета со млади лица.

Двајца ученици од  Гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, Никола Михајловски и Бојана Цветковска, од страна на организаторите на Саемот на книга, беа наградени со благодарници за учество со најдобар состав на тема за негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик, „Душата зборува на македонски јазик“.

Двајцата ученици ги прочитаа своите состави, кои се олицетворение на ставот на младите и нивната желба да го зачуваат она кое им се остава во наследство од страна на постарите генерации, благодарение на поборниците за чувањето на македонскиот јазик, многубројните легенди во македонската книжевност и историја како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски.

Никола Михајловски, ученик во „Орце Николов“, награден со учество за најдобар состав од организаторите на Саемот на книгата 2023, пишува:

– Може да нè поробуваат, закрепостуваат, малтретираат, експлоатираат, можеме самите да се предаваме за да скокнеме ред на граница, да го менуваме името па ако треба и илјада пати, но тоа што останува е фактот што кога сум го прозборел првиот збор истиот ми бил на македонски, како и на моите родители, баби, дедовци, прабаби итн. Зарем треба уште да се докажувам? Цел век подавани меѓу Србите и Бугарите, пет века сме биле под Турците, пред тоа цел милениум под Византијците-Грци. Сме се откажувале од идентитетот (присилно и доброволно), сме се иселувале и сепак, еве нè три и пол милиони говорители на македонскиот јазик раштркани на секој крај на светот. Воедно, македонскиот јазик е сведоштво за нашата борба, нашата мака, нашата среќа и нашиот бол.

Издвојуваме и дел од составот на Бојана Цветковска:

– Од „Т’га за југ” па сѐ до „Тајно моја”. Од „Ленче Кумановче” па сѐ до „Странци”. Од „Улица” па сѐ до „Годишни времиња”. Македонскиот јазик низ времето се збогатил, усовршил и сѐ повеќе проширил. Читаме печатни, пишуваме ракопсни, поретко ракописно-латински писма. Буквите ко навезени од љубов, од срце напишани, со македонска дума осмислени. И пееме, се смееме, се радуваме, тагуваме, боледуваме, љубиме – на македонски јазик. Ако сакаш твоите зборови да допрат до умот на еден човек, можеш да му зборуваш на било кој јазик. Но, ако сакаш зборовите да го допрат срцето негово, зборувај му на неговиот мајчин јазик. Па нели, во срцето сме скриени ние самите, со сите чувства, со сите тајни и маани. А на македонски се кажани и сокриени повеќе од милион такви тајни.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПОДГОТОВКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА (42)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...