Дури 620 пожари во Македонија во јули, од кои повеќето предизвикани од човечки фактор и ненамерно

Date:

Во јули во Македонија се регистрирани 620 пожари, од кои 66 се случиле во последните 10 дена од тој месец, беше истакнато на вчерашната владина седница на која се разговараше за состојбата со огнената стихија.

„Од 13 пожари, четири се активни, два се целосно изгаснати, а останатите се под контрола. Најголем проблем е пожарот кај селото Брезница, каде теренот е тежок и непристапен“, било кажано на седницата на Владата.

Пожарот кај Косел е ставен под контрола, кај Пласница е изгаснат, како и пожарот кај депонијата кај Делчево, додека кај Вражале е под контрола.

„Беше исклучително тежок период во изминатите 10 дена, со 66 нови пожари. Само во јули се регистрирани дури 620 пожари“, соопштија од владината прес-служба.

Беше посочено дека состојбата ги надминува домашните ресурси, односно тие се недоволни за гаснење на пожарот, а Владата веднаш побарала странска помош, односно активиран е механизмот на ЕУ за цивилна заштита, со оглед на тешката состојба и расположливите ресурси.

Се разговарало и за штетите, како и за причините за толку голем број пожари.

„Наведените причини се дека најголем број пожари се предизвикани од човечки фактор, најчесто ненамерно, поради палење на стрништа, пасишта и граници.

Кога станува збор за намерно предизвикани пожари, главно преовладуваат криминалните мотиви и тие случаи се истражуваат“, стои во соопштението од Владата.

Вчера полициски хеликоптер учествуваше во гасење на три пожари. Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина. Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец.

Во текот на денот на пожарите се дејствуваше во 30 налети при што се исфрлени 45 тони вода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...