Во моментов низ македонските затвори има околу 2000 затвореници, кои издржуваат затворски казни. Но, бројот на оние кои допрва треба да влезат во затворите и се на список на чекање се 3500. Оваа бројка ја соопшти директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ , кој рече дека амнестијата нема да го реши просторниот проблем, туку самиот е приврзаник на процесот на пробација.

-Во фаза на исчекување да влезат во затворите се 3500 луѓето. Мислам дека пробацијата е долготрајно решение, не е ад хок, но за амнестија оставам други да одлучуваат, рече Стојановиќ.

Тој додаде дека од 2017 година па наваму многу е работено на подобрување на условите во затворите и само во Идризово имало 1980 затворени.

-За 70 проценти се подобрени условите. 730 места се уништени, 13 објекти се вон функција, изјави Стојановиќ.