Дуен „Кефи Ди“ Дејвис се соочува со доживотен затвор за организирање на убиството на Тупак Шакур

Date:

Дуен „Кефи Ди“ Дејвис денеска треба да ја дознае казната за организирањето на убиството на рап-легендата Тупак Шакур, кој беше застрелан пред повеќе од 30 години во Лас Вегас. Дејвис, кој во август беше прогласен за виновен за убиство од прв степен со употреба на огнено оружје, се соочува со доживотен затвор без можност за условно ослободување, пренесува „Асошиејтед прес“.

Дејвис (63) е единствениот човек што досега бил обвинет за убиството на Шакур, кој го загуби животот на само 25 години, во време кога неговата музичка кариера доживуваше голем подем.

Кобната ноќ во Лас Вегас

На 7 септември 1996 година, Шакур седел на совозачкото место во црно „БМВ“, управувано од музичкиот магнат Мерион „Суџ Најт“ Најт, кога на семафор, додека чекале на црвено светло, покрај нив застанал бел „Кадилак“. Набргу потоа одекнале истрели.

Шакур бил погоден неколкупати и им подлегнал на повредите шест дена подоцна. Најт ја преживеал престрелката.

Тупак важи за еден од највлијателните и најразновидните рапери на сите времиња. Во моментот на смртта, покрај музичката кариера, тој успешно го градеше и својот пат во филмската индустрија. Неговата слава не згасна со годините, напротив, неговото наследство продолжува да живее меѓу генерациите обожаватели. Неговите песни и денес допираат до публиката со темите за животните тешкотии, љубовта и борбата на црнечката заедница.

Признанијата што го отворија случајот

Убиството со години остана нерасветлено. Пресвртот дојде кога Дејвис, поранешен водач на уличната банда „Саут Сајд Комптон Крипс“ (South Side Compton Crips), почна да зборува за својата улога во престрелката во интервјуа, а подоцна ги објави и своите признанија во мемоарите од 2019 година.

Во книгата тој раскажал дека неколку часа пред пукањето во Лас Вегас, Шакур и членовите на неговата придружба го претепале неговиот внук. Според неговото сведоштво, тој сакал да им се одмазди за нападот.

Дејвис признал дека бил на совозачкото место во „Кадилак“ и дека го предал пиштолот на лицето што седело на задното седиште, од каде што потоа биле испукани куршумите. Иако претходно разговарал со истражителите за случајот, извесен период избегнувал кривично гонење поради договор што го имал со органите на прогонот.

За време на судењето, кое траело неколку недели, обвинителството се потпрело на изјавите што Дејвис ги дал пред истражителите и пред авторите на документарни филмови. Обвинителите тврделе дека тој ја организирал престрелката и го обезбедил оружјето со кое бил убиен Шакур.

Според нив, зад убиството стоел судирот меѓу бандите „Саут Сајд Комптон Крипс“ и „Моб Пиру“.

Одбраната, пак, укажувала на недостиг од физички докази што директно го поврзуваат Дејвис со злосторството старо три децении. Неговиот адвокат го претставил како човек што измислува приказни за да заработи пари.

По девет дена сведочења во август, поротата расправала само три часа пред да ја донесе одлуката дека Дејвис е виновен. По изрекувањето на пресудата, тој изјавил пред судот дека ќе поднесе жалба.

„Тупак беше брат, син и сакан човек“

На денешното изрекување на казната се очекува да се обратат и членовите на семејството на Шакур. Меѓу нив се неговите браќа и сестри Морис „Мопрем“ Шакур и Секива „Сет“ Шакур.

По објавувањето на пресудата, обвинителот Бину Палал истакнал дека Тупак за многумина претставувал икона или идеја, но за неговото семејство бил многу повеќе од тоа.

„Но за семејството, Тупак Шакур беше брат, син, братучед, сакан човек, кој им беше одземен пред 30 години“, изјавил Палал.

Тој додал дека семејството со години морало да слуша како Дејвис се фали со убиството на човекот што го сакале.

„Тие го сакаа тој човек. А ароганцијата што ја покажуваше господинот Дејвис, изразувајќи ја својата радост поради убиството на тој човек, на крајот беше неговата пропаст“, рекол обвинителот.

Зошто засега нема други обвинети?

Дејвис останува единствениот човек што е обвинет и осуден за убиството на Шакур. Другите тројца за кои се верува дека биле во белиот „Кадилак“ во моментот на пукањето веќе се починати. Меѓу нив е и неговиот внук Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон, за кого Дејвис тврдел дека бил лицето што го повлекло чкрапалото.

За време на судењето често се споменувало и името на Шон „Диди“ Комбс, како и неговата наводна поврзаност со случајот. Сведоци изјавиле дека Комбс користел членови на бандата „Саут Сајд Комптон Крипс“ како обезбедување за издавачката куќа „Бед Бој рекордс“ (Bad Boy Records).

Во своите мемоари и во јавните настапи, Дејвис тврдел дека Комбс му понудил пари за да ги убие Шакур и Најт. Комбс постојано ги отфрлал обвинувањата дека имал каква било улога во смртта на раперот.

Комбс во моментов издржува четиригодишна затворска казна, откако беше осуден за кривични дела поврзани со проституција.

И покрај сите тврдења изнесени во текот на судењето, обвинителството засега не гледа доволно докази за подигнување обвиненија против други лица.

Окружниот обвинител на округот Кларк, Стив Волфсон, по изрекувањето на пресудата изјавил дека ситуацијата може да се промени доколку се појават нови сознанија.

„Но, како и во секој друг случај, ако дојдеме до нови информации, нови докази, секогаш можеме да размислиме за поднесување дополнителни обвиненија. Но денес не сметаме дека тоа е соодветниот чекор“, изјавил Волфсон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...