Дуа Липа на удар поради провокативното издание, кое според многумина е вулгарно

Date:

Дуа Липа наиде на критики бидејќи позирала за магазинот „Beauty Papers“ во видно поинаков стил од вообичаениот.

Косата и веѓите си ги обоила во плава боја. А фотографиите кои ги објави, наидоа на критики од страна на обожавателите коментирајќи дека се многу вулгарни.

„Дали си ја продаде душата?“, „Што те натера да се однесуваш вака?“, „Новата жртва на Холивуд“, „Сексуализација на жените во 21 век. Какво разочарување Дуа“, „Јас сум твој огромен обожавател , но ова е навистина одвратно“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Некои изјавија дека таа со новиот изглед ги потсетува на Бритни Спирс. Модните комбинации на пејачката ги избра стилистката Ема Вајман. Шминката ја направи Сем Висер, а косата Џонатан Де Франческо.

За потсетување, пред објавувањето на нејзиниот трет албум „Radical Optimism“, Дуа беше прогласена за една од највлијателните луѓе на листата „Time 100“ во 2024 година. Таа досега има издадено три песни од споменатиот албум: „Houdini“, „Training Season“ и „Illusion“.

„Radical Optimism“ ќе излезе утре, 3 мај. Се очекува да биде голем хит, како и сите нејзини претходни албуми. Реакциите на публиката за досега објавените синглови се позитивни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...

Актер за снимањето на 18+ сцените со Натали Портман: Беше досадно

Актерот Чарлс Мелтон изјави за Variety дека процесот на...