Дуа Липа на удар на критики поради настапот со Шер: Треба да тренира пеење

Date:

Дуа Липа и Шер ја отворија годинешната церемонија во Куќата на славните на рокенролот со нивната изведба на хитот „Believe“ од 1998 година. Сепак, фановите не беа воодушевени од настапот на Липа.

Таа на сцената се појави сама, облечена во црн фустан, а подоцна ѝ се придружи и Шер. Таа носеше впечатлив кожен фустан, кој го комбинираше со високи чизми.

Пејачките се држеа за раце и го отпеаја хитот „Believe“, а еден корисник на Икс го објави нивниот настап.

„Шер се појави и им покажа на сите како Дуа Липа се бори за живот“, напиша тој во описот на објавата. Многумина се согласија со него и рекоа дека таа се мачи со тоналитеот на песната, кој не ѝ одговараше на гласот.

„Ужасно. Што се случи со неа?“, прашаа на социјалните мрежи, а следеа низа коментари за нејзиниот вокален настап.

„Шер е единствениот спас за изведувањето на оваа песна. Дуа Липа треба да се одмори и да тренира пеење“, „Дуа Липа нема глас да ги пее песните на Шер“, се дел од коментарите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...