Друштвото на писатели на Македонија стана нов член на Европскиот писателски совет

Date:

Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки – писателски асоцијации од различни европски земји меѓи кои и Друштво на писатели на Македонија.

Ова за Друштвото на писателите на Македонија подразбира отворање можности за различни форми на соработка со 160.000 писатели и преведувачи од 46 европски национални организации на писатели и преведувачи во 30 земји, вклучувајќи ги земјите од ЕУ, но и други европски земји.

Во име на Друштвото на писателите на Македонија се обрати македонскиот писател м-р Стефан Марковски.

„Од самото формирање на 13.02.1947 година, Друштвото на писателите на Македонија и неговите членови се во самиот епицентар на книжевните манифестации, инкорпорирајќи го основањето, но и тековните активности на меѓународните литературни фестивали, како што се Струшките вечери на поезијата, Рациновите средби, Празник на липите и другите книжевни настани. Друштвото ја промовираше широко распространетата и континуирано развојна употреба на македонскиот јазик во сите литературни жанрови веднаш по неговата официјална кодификација, врз основа на идеите на Крсте Петков Мисирков, активности со сопствен придонес кон меѓународното признавање на македонскиот јазик на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година“, вели Марковски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...