Државата во криза, пратениците си го продолжија одморот

Date:

Пратениците си го продолжија одморот за уште најмалку 10 дена откако во минатата недела за само неколку часа заврши расправата за отворање на Уставот, а претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето откако по усвојувањето на дневниот ред на седницата беше јасно дека власта нема двотретинско мнозинство за уставните измени.

Според собраниски извори, првата наредна пленарна седница се очекува да биде на 5 септември. Дека пратениците се на продолжен одмор потврда е и тоа што денеска не се оддржала редовната координација на Џафери со шефовите на пратеничките групи.

И на официјалната страница на Собранието до крајот на месецов нема закажани активности на пратениците, односно нема комисиски расправи, ниту е закажана пленарна седница. Извесно е и дека во август ќе нема ниту пратенички прашања, кои вообичаено се оддржуваат секој последен четврток во месецот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...