До почетокот на кампањата на локалните избори сите службени возила треба да ги имаат новите таблички, вели Томовски

Date:

Да оставиме простор до крајот на неделата односно до понеделник, чинам дека сите институции ќе одговорат.

Ова денес го изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во врска со владината одлука за замена на регистарските таблички на возилата во државна сопственост со специјални црвено-жолти таблички кои се воведуваат за полесно распознавање на возилата.

Рокот за смена на табличките е 15 септември, но Томовски вели дека ако институциите не одговорат дотогаш, ќе може да го сторат тоа до 29 септември, односно до почетокот на кампањата за локалните избори.

„Доколку некој проба да избегне и да не сака да ги брендира возилата, кога ќе му дојде датумот на регистрација секако ќе ги добие овие таблици“,изјави директорот на СОЗР на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања дали институциите ќе се соочат со санкции ако во периодот до регистрацијата на возилата не ги променат табличките, Томовски вели дека правилникот не предвидува казни.

„Но, тука сте вие медиумите, тука сме ние институциите да ви дадеме информации со какви возила располага државата, тука е ДКСК која има веќе некаков регистар каде што ние како инстиуции бевме задолжени да пријавуваме. Еве, да оставиме простор до понеделник, чинам дека сите институции ќе одговорат“,додаде првиот човек на СОЗР.

Томовски посочи дека со мерката се опфатени сите возила во сопственост на државата – владините возила, општинсите возила, возилата на јавните претпријатија. Со измените на правилникот, кои се очекуваат во текот на годинава, од обврската за смена на табличките ќе бидат исклучени оние за специфични намени како дел од возилата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и дел од возилата на МВР.

Грубата бројка на службени возила, како што рече Томовски, е некаде од 7 000 до 7 500.

„Немаме точна бројка бидејќи немаме ни соодветен регистар во државата. Тоа како обврска го презема Министерството за внатрешни работи, заклучно со 31 декември, да го изработи тој регистар и конечно да имаме јасна слика за тоа со какви возила располага државата“,додаде тој.

Одлуката за промена на табличките на сите службени возила во сопственост на државата беше донесена на владина седница на 29 јули.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...