Дончиќ потпиша богат договор, па веднаш донираше пет милиони

Date:

Лука Дончиќ го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, за кој се очекува да игра уште три години. Познатата НБА-франшиза го врза со договор вреден 165 милиони долари, а одличниот словенечки кошаркар го потврди продолжувањето на лојалноста на социјалните мрежи. Веднаш потоа, воодушеви со гестот.

Продолжувањето на договорот значи дека Дончиќ ќе има опција дали ќе ја продолжи кариерата со Лејкерс или не во летото 2028 година.

  • Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам на освојување на шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, моите соиграчи и сите навивачи кои покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „Икс“, па додаде:
  • Ќе донирам и пет милиони долари за да им помогнам на 77 млади спортисти од целиот свет да ги остварат своите соништа, исто како што направив и јас. Кошарката ми даде сè и имам среќа што можам да возвратам и да ѝ помогнам на следната генерација.

Целта на иницијативата на Дончиќ е да обезбеди финансиска и менторска поддршка на спортски таленти од целиот свет преку неговата фондација. Од нив оваа поддршка ќе ја добијат 77 млади таленти, што одговара на бројот на неговиот дрес.

Словенецот му се приклучи на Лејкерс на почетокот на февруари, одигра 28 натпревари во регуларниот дел од сезоната и имаше просек од 28,2 поени, 8,1 скока и 7,5 асистенции по натпревар. Во плејофот, тој одигра пет натпревари и имаше просек од 30,2 поени, 7,0 скока и 5,8 асистенции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...