Лука Дончиќ повторно одигра одличен натпревар и мајсторски дојде до дабл-дабл ефект во победата против Мајами Хит (115:90).
Натпреварот Дончиќ го заврши со 34 поени, 12 скока, а само три асистенции му недостасуваа за трипл-дабл. Далас со оваа победа дојде до скор од 25:22 за петто место на Западот. Треба да се додаде и дека Дончиќ реализираше пет тројки со само три промашувања.
Кајри Ирвинг продолжи да игра одлично и беше најзаслужен за победата на Бруклин против Јута од 117:106. Одличниот плејмејкер мечот го заврши со 48 поени што е рекорд на сезоната за него. Додаде и уште 11 скока и шест асистенции. Во редовите на Јута Кларксон постигна 29 поени.
Мемфис беше во серија од 11 победи во низа, но на таа серија и дојде крајот во натпреварот протиов Лејкерси кои славеа со 122:121. Вестбрук го заврши натпреварот со 29 поени и шест асистенции, додека на спротивната страна Џа Морант уфрли 22 поени и додаде осум асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Њу Орлеанс 123-110, Атланта – Њујорк 139-124, Кливленд – Голден Стејт 114-120, Денвер – Индијана 134-111, Далас – Мајами 115-90, С. Антонио – ЛА клиперс 126-131, Јута – Бруклин 106-117, ЛА Лејкерс – Мемфис 122-121, Сакраменто – Оклахома 118-113.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]